Македонија ги доби противниците за Евробаскет 2013

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија на Европското првенство во кошарка, што ќе се одржи идната година од 4 до 22 септември во Словенија, ќе игра во групата Б со: Србија, Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Летонија.

Ова е епилогот по жрепката што се одржа вечерва во „Постоинска Јама“ во земјата домаќин на Евробаскетот идната година.

Составот на другите три групи е:

Група А: Франција, Велика Британија, Германија, Украина, Белгија и Израел.

Група Ц: Шпанија, Словенија, Хрватска, Полска, Грузија и Чешка.

Група Д: Русија, Грција, Италија, Финска, Турција и Шведска.

Пласман во вториот круг ќе обезбедат трите првопласирани селекции од секоја група.

Натпреварите од групата Б во која е Македонија ќе се играат во градот Јесенице.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он