Македонија домаќин на силен турнир во футсал

Од:

Фудбалската федерација на Македонија од 26. до 29. октомври ќе организира меѓународен турнир во футсал со учество на  гостите: Шпанија, Финска и Турција.

Турнирот е по повод одбележувањето на 15. годишнината од одигрувањето на првиот официјален футсал натпревар на македонската репрезентација, а воедно ќе послужи и како подготовка на А футсал селекцијата на Македонија за квалификациите за Европското првенство во Србија идната година. Натпреварите од меѓународниот турнир ќе се одиграат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најатрактивно име на турнирот секако неколкукратниот европски и светски шампион Шпанија.

-За нас ова е нов предизвик, ние сме организатори на првиот пријателски турнир во нашата земја и деновите од крајот на октомври ќе бидат вистински тест за нашите можности спроти мартовските квалификации за пласман на Европскиот шампионат во Србија. Финска, Турција и посебно Шпанија се противници кои во голема мера ќе ни потврдат на кое скалило по квалитет е македонската репрезентација. Почнуваме со Финска, селекција која според Уефа ранг листата е на исто ниво како и македонската. Финска сега треба да ја игра улогата на Унгарија, репрезентација која е во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2015. Со победа против Финска влегуваме најверојатно во пресметка против неколкукратниот европски и светски првак Шпанија, селекција која ја добивме за противник и во квалификациската група. Шпанците доаѓаат со најсилен состав и мислам дека сите ќе го дадеме максимумот најпрвин да обезбедиме дуел против Шпанија, а потоа и да се надигруваме со големиот противник. За нас тоа ќе биде искуство од непроценливо значење, вели селекторот на Македонија Васко Скендеровски.

Инаку, Шпанија како дел од квалификациската група за ЕП 2015 година во март 2015 година повторно ќе гостува во Скопје бидејќи Македонија е домаќин на групата. Во групата е уште и Унгарија и најдобропласираната второпласирана селекција од квалификациската фаза.

Турниорот ќе се игра два дена. На 27. октомври во 19.30 чеасот е дуелот меѓу Шпанија и Турција, во 21.30 часот е натпреварот Македонија – Финска. Натпреварот за трето место и финалниот дуел се играат на 28. октомври.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска