На Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Сараево, македонската кадетска репрезентација денеска ќе игра против Англија. Ова ќе биде директен дуел за третото место во четвртфиналната група. И двете селекции немаат победа, а имаат по два пораза. Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 15 минути.
Покрај дуелот Македонија – Англија играат од Е групата уште и Финска – Словенија. Во рамките на групата Ф ќе играат Босна и Херцеговина – Чешка и Грузија – Данска.
На табелата во групата Е: Финска и Словенија имаат биланс 2-0 (победи-порази), а Македонија и Англија 0-2.
Во Ф групата БиХ е прва со скор 2-0, Данска и Чешка имаат 1-1, а Грузија 0-2.