Макаби и Барселона ќе си ги променат тренерите

Од:

Екипите на Макаби Тел Авив (Израел) и шпанскиот гигант Барселона се наоѓаат пред одлука да си го променат тренерите, јавуваат медиумите во Шпанија.

Според овие информации и покрај актуелниот договор со клубот, тренерот на Макаби Дејвид Блат може многу лесно да се случи да седне на тренерското место во каталонскиот клуб.

Задачата на 53-годишниот Американец би била освојување на шампионскиот трофеј во Евролигата, за кој Каталонците сезонава заедно со ЦСКА Москва беа најголеми фаворити, но испаднаа во полуфиналињата против Реал Мадрид и Олимпијакос.

За сегашниот тренер на Барселона, Чави Паскуал се шпекулира дека ќе замине во обратен правец, односно дека ќе биде предводник на најтрофејниот израелски кошаркарски тим.

Од Макаби најавија дека иако има важечки договор со клубот, нема да го спречуваат Блат ако одлучи да го напушти Тел Авив.

Интерес за ангажирање на Блат покажа и ЦСКА Москва која втора година по ред не успева да го помине Олимпијакос на „Фајнл фор“ турнирите, иако руската екипа располага со многу позвучни имиња и со значително поголем буџет во однос на старо-новиот европски првак.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он