Легендарниот НБА играч Мајкл Џордан ќе биде примен во меѓународната „Куќа на славните“ во 2015 година, потврдено е на официјалната веб-страна на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Освен Џордан кој се прослави со играте во дресот на Чикаго Булс во деведесеттите години од минатиот век, статус членови на „Куќата на славните“ ќе добијат и Владимир Ткачев (поранешниот играч на СССР) Антоан Ригодо (Франција), Руперто Ерера Табио (Куба), Шарунас Марчуљонис (Литванија), кошаркарката Ен Донован (САД), тренерот Јан Стирлинг (Австралија) и спортскиот работник Ноа Клигер (Израел).
Сите тие се селектирани од листата која содржеше преку 150 кандидати.
Официјалната промоција на новите членови на „Куќата на славните“ ќе се одржи на 20 септември вофранцускиот град Лил на полувремето од финалето на Европското првенство.