Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Мајк Д’Антони поднесе оставка на функцијата една година пред истекот на неговиот договор со еден од најтрофејните НБА клубови.
Д’Антони се решил на ваков чекор, бидејќи од раководстворо не добил гаранција дека соработката со него ќе продолжи и посезоната 2014/15, односно по истекот на договорот.
Сезонава со Д’Антони на клупата „езерџиите“ имаат скор од 27 победи и 55 порази и не обезбедија пласманво плеј-офот.
Вкупнниот ефект на Д’Антони по доаѓаето во Лејкерс е 67 победи и 87 порази.