Мајами поведе против Торонто, Голден Стејт ја постигна втората победа над Портланд

Од:

Кошаркарите на Мајами поведоа со 1-0 во полуфиналето на Источната конференција од НБА лигата против Торонто, додека првакот Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен за водство од 2-0 против Портланд.

Мајами имаше предност во финишот на дуелот но Кајли Ловри постигна тројка за изедначување 90:90. Сепак гостите и во продолжението беа поефикасни пред се благодарение на Горан Драгиќ и Двејн Вејд, кои дуелот го завршија со 26 односно 24 поени. Мајами победи со 102:96 и поведе во серија со 1-0.

Шампионот Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен и по вторпат го победи Портланд 110:99. Решавачката предност Голден Стејт ја направи во последниот период што го доби со 34:12.

Клеј Томсон со 27 поени беше најефикасен во редовите на шампионот, а дури пет играчи имаа двоцифрен број поени. Кај Портланд најпрецизен беше Дамиан Лилард со 25 поени.

Вечерва се играа  дуелот број 2 меѓу Кливленд и Атланта, а водство од 1-0 во победи има Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on