Мајами ја продолжи серијата победи

Од:

Кошаркарите на Мајами ја постигнаа 11.та победа во серија откако ноќеска беа подобри од Минесота со 115:113. Најефикасен на дуелот беше Карл-Ентони Таунс од Минесота со 35 поени, а кај Мајами Горан Драгиќ со 33 поени.

Иако имаат серија од 11 победи Мајами се уште не се наоѓа меѓу првите осум екипи на Источната конференција со место за плеј офот.

Серијата порази ноќеска ја прекина ЛА Лејкерс со триумфот над Њујорк на гости, додека заврши серијата од 17 победи на домашен терен за Вашингтон откако ноќеска по продолжение загуби од шампионот Кливленд.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари во НБА лигата:

Њујорк – ЛА Лејкерс 121:107,
Вашингтон – Кливленд 135:140 (продолжение),
Индијана – Оклахома Сити 93:90,
Торонто – ЛА Клиперс 118:109,
Атланта – Јута 95:120,
Детроит – Филаделфија 113:96,
Њу Орлеанс – Феникс 111:106,
Минесота – Мајами 113:115,
Денвер – Далас 110:87,
Мемфис – Сан Атонио 89:74,
Сакраменто – Чикаго 107:112.

Пласман Источна конференција: Кливленд 35-15 (победи-порази), Бостон 33-18, Торнто 32-21, Вашингтон 30-21, Атланта 30-22, Индијана 29-22, Чикаго 26-26, Детроит 24-28, …

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 43-8, Сан Антонио 39-12, Хјустон 37-17, Јута 33-19, ЛА Клиперс 31-21, Мемфис 32-22, Оклахома Сити 30-23, Денвер 23-28,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on