Екипата на Мајами ноќеска го совлада Торонто со 103:91 во натпреварот број 6 од полуфиналето на НБА плеј-офот во Источната конференција. Резултатот во победи е 3-3 па за да се добие финалистот на Истокот овие две екипи ќе играат мајсторка.
Предводник во победата на Мајами беше словенечкиот кошарар Горан Драгич кој постигна рекордни 30 поени во плеј-офот. Двејн Вејд средбата ја заврши со 22 поени.
Мајами во своја полза ги реши сите четвртини (21:20; 32:24; 29:28 и 21:19).
Следниот натпревар се игра во недела на 15 мај.