Истанбул, Мадрид и Токио се можните домаќини на летната Олимпијада во 2020-та година.
Тоа беше одлучено по првиот ден од состанокот на извршната комисија на МОК, која се одржа во канадскиот град Квебек.
Баку и Доха испаднаа од листата.
Градовите, до јануари 2013-та година треба да ги достават завршните книги, по што експертите на организацијата ќе извршат инспекција на секој од нив.
Гласањето за одредување на градот-домаќин на Олимпијадата во 2020-та година ќе се одржи на 7-ми септември 2013-та година во Буенос Аирес.