Мадрид: Ивановиќ со добра игра дојде до четвртфинале

Од:

Српската тенисерка Ана Ивановиќ се пласира во четврт финалето на турнирот во Мадрид, откако во осмина финалето ја совлада Британката Лору Робсон 2:1 во сетови.

До оваа победа Ивановиќ дојде по голема и неизвесна игра. По изгубениот прв сет Србинката во продолжение на дуелот одигра одлично и без многу проблеми го изедначи резултатот.

Големо охрабрување претставува фактот што Ивановиќ беше сконцентрирана до крајот на натпреварот и со потребната самодоверба го оствари триумфот кој многу ќе и значи во текот на сезоната.

Ивановиќ во борбата за полуфинале ќе игра против шестата тенисерка во светот Германката Ангелика Кербер, која извојува победа над Русинката Светлана Кузњецова.

Женскиот турнир во Мадрид се игра за вкупен награден фонд од четири милиони евра.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех