Мачван, Ерцег, Перовиќ и Марковиќ нема да играат за Србија

Од:

Српскиот селектор Душан Ивковиќ се соочува со проблеми во пресрет на Европското првенство во Словенија.

Српските медиуми, повикувајќи се на грчкиот портал Еурохупс, односно новинарот Арис Баркас, кој се наоѓа во Лондон, пренесуваат дека Милан Мачван, Зоран Ерцег, Коста Перовиќ и Стефан Марковиќ, го известиле селекторот дека нема да играат на Евробаскетот.

Настапот на континеталното првенство би можел да го откаже и Душко Савановиќ, кој побарал дополнително време да размисли дали ќе игра во Словенија.

Грчкиот новинар, повикувајќи се на свои извори, пишува дека главните ѕвезди на репрезентацијата капитенот Ненад Крстиќ, Милош Теодосиќ и Немања Бјелица ќе бидат дел од репрезентацијата.

Европското првенство во кошарка ќе се одржи во Словенија од 4. до 22. септември, Србија ќе се натпреварува во Б групата заедно со Македонија, Црна Гора, Литванија, Босна и Херцеговина и Латвија.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он