Поранешниот кошаркар на Куманово и на МЗТ Скопје Аеродром, Урош Луковиќ од денеска и официјално е играч на Морнар од Бар.
213-сантиметри високиот центар цо црногорскиот клуб потпиша двегодишен договор.
Минатата сезона 28-годишниот Луковиќ настапуваше за Партизан и имаше просек од 7,9 поени, 5,3 скока и 1,6 блокади по натпревар во АБА лигата.
Тој беше член и на екипите на Торлак, ФМП, Кожув, Раднички Баскет и Сарагоса.