Белорускиот председател Александар Лукашенко нема да може да присуствува на Олимписките игри во Лондон поради тоа што му е забранет влезот во Европската Унија поради репресија над опозицијата во неговата земја, соопшти британската амбасада во Минск.
Лукашенко е на списокот на личности на кои им е забренет влезот во Европската Унија поради кршење на меѓународните норми на претседателските избори во Белосрусија во 2010 година и поради репресијата над демократската опозиција, изјави за АФП, портпаролот на амбасадата Ина Ромашевскаја.
„Оваа забрана сеуште е на сила и ќе остане за време на оддржувањето на Олимписките игри во Лондон“, рече таа.
ЕУ во јануари 2011 година одлучи да го замрзне имотот и визата на претседателот Лукашенко и неговите соработници поради репресијата над опозицијата. Европската Унија ги зајакна санкциите и списокот опфаќа над 200 функционери чиј имот е замрзнат и на кои им е забранета виза.
Официјален Минск одговори дека нема „ да коментира вакви работи“.
Лукашенко е на власт 18 години, а истовремено е и претседател на Олимпискиот комитет на Белорусија.