Лука Модриќ со емотивно писмо се збогуваше од Реал Мадрид

Од:

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но Хрватот објави и емотивно писмо на Инстаграм.

Она што хрватските медиуми го објавија денес се оствари – Лука Модриќ повеќе не е играч на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ го објави настанот објавувајќи фотографија со кратка порака:

„Ти благодараме Лука!“, пишува во објавата на официјалниот профил на Реал на социјалните мрежи X.

Лука Модриќ исто така ја коментираше оваа вест на својот официјален профил, испраќајќи емотивно писмо до сите фанови, кое го објавуваме во целост:

Дојде и тоа време. Момент што никогаш не сакав да се случи, но таков е фудбалот, и сè во животот има почеток и крај. Ќе го одиграм мојот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ во сабота. Дојдов во 2012 година со желба да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и со амбиција да постигнам големи работи, но не можев ни да го замислам ова. Играњето за Реал ми го промени животот, ме промени и како играч и како личност.

Горд сум што бев дел од тимот во една од најуспешните епохи во историјата на клубот. Сакам да му се заблагодарам на клубот од се срце, особено на претседателот Флорентино Перез, на моите соиграчи, тренери и на сите што ми помогнаа. Доживеав неверојатни моменти низ годините, некои пресврти што изгледаа невозможни, финалиња, прослави и магични ноќи на Бернабеу… Победивме сè и бев навистина среќен. Многу, многу среќен.

Но, пред сите титули и победи, во срцето ја носам љубовта кон навивачите на Мадрид. Навистина не знам како да ја објаснам врската што ја имам со вас кои нè поддржувате, почитувате и сакате. Отсекогаш сум се чувствувал така. Никогаш нема да заборавам ниту еден аплауз, ниту еден гест на љубов што ми го упативте.

Заминувам со полно срце. Исполнет со гордост, благодарност и незаборавни спомени. Иако, по Светското клупско првенство, повеќе нема да бидам дел од клубот на теренот, засекогаш ќе бидам навивач на Мадрид. Ќе се видиме повторно. Реал Мадрид ќе биде мој дом до крајот на животот. Да живее Мадрид и ништо друго“, рече Модриќ.

Би можело да ве интересира

Гвардиола му порача на Халанд: Не преговарај со Реал Мадрид до крајот на сезоната

А1он

Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

А1он

Модриќ е третиот најстар стрелец во Серија А

А1он

Нурмагомедов за смената на Чаби Алонсо во Реал: Го отпуштија поради разгалени деца

А1он

Новиот тренер на Реал: Ако сакав да сум како Мурињо, ќе бев спектакуларно неуспешен

А1он

Чаби Алонсо доби отказ од Реал Мадрид

А1он