Лука Модриќ се враќа во Реал Мадрид

Од:

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ планира да се врати во Реал Мадрид по завршувањето на играчката кариера.

Модриќ го напушти „кралскиот клуб“ по повеќе од една деценија играње и се пресели во Милано, каде што планира да ја заврши својата величествена кариера.

После тоа, планот е Модриќ повторно да стане дел од „кралскиот клуб“ по завршувањето на играчката кариера, каде што би се приклучил на младинската академија на Реал Мадрид и би го започнал своето тренерско патување, објавуваат шпанските медиуми.

Целта е да се застане на страната на младите надежи од Мадрид и полека да се гради искуство кое би можело да му ги отвори вратите кон првиот тим и позицијата главен тренер во иднина.

Сепак, иако плановите за иднината веќе се во оптек, Модриќ во моментов е максимално фокусиран на теренот. Во дресот на Милан, тој пружа игри кои потсетуваат на неговите најдобри денови во Мадрид, а пред него е и нов предизвик – Светското првенство, каде што ќе се обиде да стигне до трет последователен медал со Хрватска.

Во текот на своите 14 сезони во Реал Мадрид, Модриќ освои 28 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите, четири титули во шпанското првенство и Златната топка во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Модриќ стана рекордер во Серија А

А1он

Виери: Модриќ може да игра во Италија и со цигара во уста

А1он

Лука Модриќ го задолжи дресот со број 14 на Милан

А1он

Саки до управата на Милан за Модриќ: Како можевте да одберете 40 годишник?

А1он

Клуб од Словенија се обидува да го доведе Модриќ

А1он

Лука Модриќ со емотивно писмо се збогуваше од Реал Мадрид

Горан Наумовски