Лука Дончиќ продолжува да пишува историја во Шпанија

Од:

Младата ѕвезда на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Лука Дончиќ покажа зошто многумина сметаат дека ќе биде избран за најдобар на Драфтот во НБА во текот на летото.

Деветнаесетгодишниот бек синоќа стана првиот по 11 години, кој прави „трипл-дабл“ во првенството, кое се смета за најсилно во Европа.

Дончиќ заврши со 17 поени, 10 скока и 10 асистенции при вкупен коефициент на корисност од 42, а Реал очекувано победи против последниот на табелата Бетис со 104:89.

Претходниот играч со „трипл-дабл“ во локалната лига беше Фран Васкез, кој го направи тоа во февруари 2007, а најинтересното кај него е дека еден од индикаторите беа блоковите – 12. Всушност Дончиќ е едвај шести во историјата на Лига Ендеса, која забележува слични статистички податоци.

– Верував дека можам да направам такво нешто и сум благодарен на соиграчите, бидејќи без нив немаше да успеам. Среќен сум, но знам дека сега треба да ја завршиме сезоната соодветно, изјави Дончиќ, чиј тим го подобри балансот до 29-3, откако е цврсто на врвот во регуларната сезона и веќе се подготвува за плејофот.

Многу е веројатно тој да биде најдобриот на Драфтот во НБА, откако поседува неверојатен талент и може да игра на неколку различни позиции.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ