Луди моменти во Чиле – се урна дел од трибината на отворен тренинг на Коло-Коло

Од:

Отворениот тренинг на чилеанскиот фудбалски гигант Коло-Коло можеше да заврши трагично, откако дел од трибината на „Естадио Монументал“ се урна, повредувајќи неколку навивачи.

Фановите на еден од најпознатите чилеански клубови ги поздравија своите миленици на тренингот пред неделното дерби против Универзидад Католика, и на атмосферата можеа да позавидат клубови со многу поголемо реноме, кога дел од конструкцијата на стадионот се урна.

Според весникот „Ла терсера“, за среќа сите навивачи поминале без посериозни повреди – осум луѓе имаат минимални повреди, а двајца од навивачите завршиле со фрактури.

„Естадио Монументал“ беше модернизиран во 1993 година по низа инциденти, и тогаш капацитетот беше намален на 47.000 гледачи.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера