Лучиќ-Барони во полуфиналето на Австралија опен

Од:

Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони се пласираше во полуфиналето на првиот годинашен Грен слем совладувајќи ја петтата светска тенисерка, Каролина Плишкова од Чешка со 2-1, по сетови 6:4; 3:6 и 6:4.

Противник на Хрватката која е 79-та ба ВТА ранг листата, во полуфиналето ќе и биде вториот светски рекет Серена Вилијамс, која во вториот денешен меч забележа лесна победа против Џоана Конта, со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.

Втората полуфинална двојка на женскиот турнир во Мелбурн ја сочинуваат американските тенисерки Коко Вандевеге и Венус Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ