Лоши вести за Реал Мадрид, Рамос се повреди

Од:

Реал Мадрид доби лоши вести и тие се поврзани со капитенот на тимот – Серхио Рамос. Дефанзивецот има проблеми во левата нога и нема да биде на линија за следните неколку дуели.

– Медицинската екипа на тимот му дијагностицира на Серхио Рамос повреда во стапалото на левата нога. Можно е повредата да се усложни при нови оптоварувања, напишаа од Реал.

Според информации во шпанските медиуми, Рамос може да отсуствува од терените во рок од 15 дена, што значи дека дефанзивецот нема да игра во следниот дуел на „белите“ – гостувањето на Леганес.

Во оваа сезона Рамос одигра 3.662 минути (41 натпревари) со тимот на Реал, а само напаѓачот Карим Бензема има повеќе (3.868 минути, 43 натпревари).

Би можело да ве интересира

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите