Шестата трка од МотоГП шампионатот се возеше денеска на патеката Силверстоун за Големата Награда на Велика Британија и му припадна на Хорхе Лоренцо, со што Шпанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Кејси Стонер на 25 бода.
Борбата која ја чекавме цела сезона помеѓу Стонер и Лоренцо започна на девет круга до крајот на трката.
Лоренцо успеа да влезе во вториот свиок од внатрешна страна па следевме неколку возбудливи претекнувања кои на крајот сепак завршија во полза на Лоренцо.
Истовремено се одвиваше интересна борба за третата позиција помеѓу Педроза и Баутиста, која му припадна на Педроза.
Бен Спиз на Јамаха Стигна петти, а Кал Крачлоу шестти.