Хорхе Лоренцо триумфираше на петтата трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Каталуња пред Дани Педроса и Андреа Довициозо.
По третата победа сезонава Шпанецот со вкупни 115 поени ја зголеми предноста во генералниот пласман пред актуелниот шампион Кејси Стоунер на 20 поени.
Австаралиецот иако ја имаше првата стартна позиција денеска низ целта мина четврти. Следната трка во кралската класа е на патеката Силверстоун за Големата награда на Британија на 17 јуни.