Хорхе Лоренцо продолжи со извонредните настапи на патеката Херез, триумфирајќи на денешната трка во рамките од Мото ГП шампионатот.
Марк Мaркез од самиот старт му гледаше во грб на сонародникот, но овојпат приоритет му беше да се задржи на втората позиција, пред Валентино Роси, што му успеа без поголеми проблеми со оглед на фактот дека „докторот“ во последните десетина кругови не му се приближи поопасно на актуелниот светски првак.
Роси на крајот мораше да се задоволи со третата позиција, пред Крачлоу и Пол Еспаргаро.
Валентино се уште е лидер во генералниот пласман. Роси има 82 поени, 15 поени предност пред денеска деветопласираниот Андреа Довициозо (67), додека Лоренцо е трет (62) пред Маркез (56).