Актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо стигна до многу значајна победа во Силверстоун.
18 кругови водеше, а Марк Маркез возеше зад него целата трка и се одлучи за напад.
Но во наредната кривина Лоренцо нападна и пак изби на чело. Во последниот круг Маркез повторно напдна, го мина Лоренцо, но пред крајот ја остави внатрешната страна слободна, Лоренцо искористи, го мина и победи.
Зад нив стигна Дани Педроса, а за четвртата позиција заврши Валентино роси кој имаше слична борба со Баутиста како победникот.