Екипата на Локомотив Кубан го освои Еврокупот во кошарка, откако синоќа во белгискиот град Шарлроа во финалето го совлада Билбао со 75:64 и со тоа за првпат во клупската истрорија го освои пехарот ова натпреварување.
Со овој триумф Локомотив Кубан се избори следната сезона да настапи во Евролигата.
Признанието МВП на финалето го доби Ричард Хендрикс, кој постигна 14 поени, оствари девет скокови и забележа две асистенции за 24 минути поминати на теренот и со вкупно 25 индексни поени придонесе за победата на рускиот тим.
Најефикасен беше Костас Василијадис со 16 поени, но тоа не беше доволно да се спречи поразот на шпанскиот претставник.