Љоренте и Нани на мета на Јувентус

Од:

Јувентус минатата сезона со титулата која ја освои без пораз го најави своето враќање на врвот на европскиот фудбал, а за продолжување на тој проект клучните трансфери треба да ги направи во јануарскиот преоден рок.

„Старата дама“ најави две големи засилувања за вториот дел од сезоната. Првото е напаѓачот на Атлетик Билбао, Фернандо Љоренте, а второто е крилото на Манчестер јунајтед, Нани.

Љоренте уште летово беше желба на торинскиот клуб, но Билбао не сакаше да го продаде својот најдобар стрелец. Од друга страна, и Нани беше блиску до заминување од Манчестер, но и тој остана на „Олд Трафорд“.

„Љоренте има квалитет за нас и ние ќе се обидеме во јануари да го реализираме неговиот трансфер“, потврди директорот на Јувентус, Бепе Марота, кој ќе има многу работа затоа што шпанскиот репрезентативец во своите редови сакаат да го видат и Интер и Манчестер сити.

Нани е во тивка војна со Алекс Фергусон затоа што бара зголемување на платата од 40.000 фунти неделно. На крајот на август за малку не замина во Зенит, но веќе во јануари може да го напушти Манчестер.

Јувентус е подотвен да издвои 12 милиони евра за португалскиот репрезентативец, а доколку тоа не биде доволно, втора желба на италијанскиот шампион е Тео Волкот од Арсенал

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски

Аталанта го забележа 10-от последователен триумф во Серија А