Ливаковиќ се сели во Барселона

Од:

Доминик Ливаковиќ (31) ќе стане нов играч на Барселона. Каталонскиот гигант постигна устен договор со Фенербахче за трансферот на хрватскиот репрезентативен голман, објави Фабрицио Романо со својата препозналива фраза „here we go“, со која ги потврдува договорените трансфери.

Барселона веднаш ќе му плати два милиони евра на Фенербахче, додека турскиот клуб може да добие уште два милиони преку бонуси.

Ливаковиќ нема веднаш да стане дел од тимот на Ханси Флик. Планот на Барселона е да го испрати на позајмица во тековната сезона, а тој да му се приклучи на тимот во јуни 2027 година.

Одличниот однос меѓу Енди Бара и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја овозможи оваа опција за Ливаковиќ, а веста наскоро ќе стане официјална.

Барселона го ангажира Ливаковиќ како иден втор голман, зад Жоан Гарсија.

Договорот на Војчех Шчесни со Барселона трае до 30 јуни 2027 година, по што неговото место во тимот треба да го преземе хрватскиот репрезентативец.

Барселона официјално го продолжи договорот на Полјакот до тој датум минатото лето.

Во најновата објава, Романо не прецизираше во кој клуб Ливаковиќ ќе ја мине оваа сезона на позајмица. Сепак, претходно како многу сериозна опција се спомнуваше Динамо, каде што тој го мина вториот дел од минатата сезона како позајмен играч од Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Јамал е уверен дека ќе ја освои „Златната топка“ – веќе резервираше приватен авион за семејството и пријателите

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Ханси Флик пред големо достигнување на клупата на Барселона

А1он

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он