Екипите на Литвос Ритас и на Олденбург ја постигнаа првата од трите потребни победи за пласман во Д групата од кошаркарската Евролига.
Литванскиот тим Литвос Ритас синоќа во Вилнус ја совлада екипата на Рига од Летонија со 80:71 (14:15, 25:16, 22:16 и 19:24).
Нивни противник во полуфиналето во четврток ќе им биде екипата на Олденбург од Германија, која со 79:74 (23:17, 8:18, 21:16 и 27:23) го совлада италијанскиот Варезе.
Во второто полуфинале ќе играат победниците од четвртфиналните дуели кои се играат денеска: Химки – Остенде (почеток 17 часот) и Нимбурк – Банвит (19:30 часот).
Победниците од полуфиналните дуели в петок ќе играат во финалето, а победникот ќе се пласира во Евролигата.