Екипите на Лирија и на Пелистер попладнево во салата „Кале“ ќе го одиграат последниот натпревар од 1.коло од Првата кошаркарска лига. Домаќинот ја има улогата на фаворит во овој дуел. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
На синоќа одиграните натпревари Работнички со 78:62 славеше победа на гостувањето кај Вардар Апаве, а победа на гости во неизвесна завршница постигна и Куманово против Струмица – 76:75. Единствената победа (89:71) на домашен терен ја оствари Кожув во дуелот со Фени Индустри.
Во ова коло слободна е екипата на Карпош Соколи, која во вторник ќе одигра натпревар надвор од конкуренција со младата репрезентација.