Лина Ѓорческа од утре на турнир вреден 100.000 УСД

Од:

Откако од вчера најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се најде на 206-место на ВТА, што е нејзин најдобар рејтинг, таа веќе од утре ќе настапува на нов турнир.

Овојпат за разлика од досегашните Фјучер турнири каде најчесто играше Ѓорческа, а беа со награден фонд од 10.000 УСД, сега турнрнирот во Шарм Ел Шеик, Египет е со вреденост од 100.000 УСД.

Ѓорческа својот прв меч ќе го има утре и тоа против Романката, Ирина Марија Бара (250-та на ВТА листата) од која загуби во четвртфиналето на турнир во Санта Маргарита Ди Паула во Италија, одржан минатата недела.

Во конкуренција на двојки, Ѓорческа ќе настапи заедно со Кристина Дину од Романија со која ќе ја имаат улогата на втори носителки, а за противнички во првиот меч ќе ја имаат руско-грчката двојка Анастасија Прибилова и Елени Кордолами.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен