Лидерот во АБА лигата поразен во Подгорица

Од:

Екипата на Игокеа која е водечка на табелата во кошаркарската АБА лига, синоќа е поразена на гостувањето во Подгорица од црногорскиот претставник Будуќност со 76:71. По четвртини: 27:29; 11:14; 21:18 и 26:16.

Чедомир Витковац со 14 постигнати поени беше најефикасен играч во победничкиот состав, додека за Игокеа највеќе поени реализира Бранко Јоровиќ

За Игокеа ова беше вкупно само трет пораз во 15.те одиграни натпревари, а за домаќините осма победа и искачување на 6.место на табелата, веднаш позади МЗТ Скопје Аеродром кој е петти.

Ова воедно беше последниот дуел во Јадранската за оваа година.

На другите натпревари од 15.коло во АБА постигнати се следниве резултати: Широки – МЗТ Скопје 71:72, Крка – Партизан 58:66, Црвена Звезда – Задар 88:79, Сплит – Унион Олимпија 78:70, Цибона – Шолнок 97:71 и Раднички – Цедевита 85:77.

Табела: Игокеа 12-3 (победи-порази), Црвена Звезда 10-5, Партизан 10-5, Цедевита 9-5, МЗТ Скопје Аеродром 9-6, Будуќност 8-7, Унион Олимпија 8-7, Раднички 7-7 , Цибона 6-9, Задар 6-9, Сплит 6-9, Крка 5-10, Широки 4-11 и Шолнок 4-11.

Натпреварите од следното коло ќе се одиграат на 5 и 6 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он