Левески: Против Словенија трпеливо и агресивно во одбраната

Од:

Македонската футсал репрезентација вечерва од 20 часот против Словенија во СЦ „Јане Сандански“ ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020. година. Капитенот Зоран Левески вели дека против Словенија треба да се биде доволно трпелив и да се чека својата шанса.

– Свесни сме каков натпревар не очекува вечерва против Словенија. Овие неколку денови од подготовките работевме напорно и ќе се обидеме силно да се спротивставиме на Словенија и покрај проблемите со повреди на одредени наши играчи со кои се соочуваме. Треба од почеток да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата прилика, но и доволно агресивни, посебно во одбрана. Верувам дека имаме шанса против Словенија, од нас може да очекувате труд и големо залагање. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, одлично се познаваме во тимот, заедно сме неколку години и се надевам дека со правилен пристап ќе одиграме добар натпревар, изјави Левески за веб-страницата на ФФМ.

Во групата се и репрезентациите на Косово и Украина.

Пласман во главната квалификациска фаза за пласман на футсал Мундијалот идната година ќе обезбедат двете најдобри на крајот на турнирот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска