Полскиот напаѓач Роберт Левандовски има голема желба да се пресели од Баерн Минхен во Барселона. Тој не ја крие намерата да заигра во Ла Лига, а каталонскиот клуб се подготвува да испрати трета понуда за одличниот стрелец.
Навивачите на Баерн тешко се помируваат со потенцијалното заминување на својот идол, а се отиде дотаму што Левандовски добива дури и смртни закани поради што не му беше дозволено да го донесе семејството во Минхен на почетокот на подготовките со Баерн, јавуваат медиумите во Полска.
Левандовски е во Минхен од 2014 година, стана најсмртоносниот напаѓач во историјата на Баерн и германската Бундеслига, десетпати беше најдобар стрелец на првенството и има 10 шампионски титули, од кои осум со Баерн и уште две со својот поранешен клуб Борусија Дортмунд.
Извор: Топспорт