Летонците лесно против безидејната Босна

Од:

Селекцијата на Летонија стигна до првата победа на Европското првенство 2013 совладувајќи ја Босна и Херцеговина со 86:75.

Летонците доминираа во играта против искусниот и фаворизиран состав на БиХ не дозволувајќи му во ниту еден момент да им ја загрози победата, и покрај тоа што Босанците имаа периодични блесоци намалувајќи ја предноста на противникот.

Клучната предност Летонците ја направија во финишот на вториот период кога со серија од 12:2 заминаа со десет поени предност на полувремето. Потоа само рутински ја одржуваа предноста.

Најефикасен кај Летонците беше Фреиманис со 24 постигнати поени, Киксикс постигна 13, додека Јаниченокс заврши со 12 поени. Во поразениот тим најдобар беше Џедовиќ со 19 поени, додека Телетовиќ постигна 18 поени.

Во рамките на Б групата од 17:45 игра Македонија против Црна Гора, додека во вечерниот термин од 21:00, во дербито на колото се среќаваат Србија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ