Кошаркарот на Торонто, Кави Ленард, постигна 41 поен ноќеска на седмиот меч од 1/4 финалето на НБА плејофот против Филаделфија (92:90). На седум натпревари против Филаделфија, 27-годишниот кошаркар постигна 243 поени и се искачи на третото место во историјата на НБА, во однос на бројот на бодови на една плејоф серија.
Во оваа статистичка категорија водечки е легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој постигна 260 поени за Лос Анџелес лејкерс во седум натпревари од полуфиналето на конференцијата со Голден Стејт.
На втората позиција е според многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, Мајкл Џордан кој за Чикаго има дадено 246 поени на шест натпревари во финалето против Феникс.