Ленард ќе остане во Сан Антонио

Од:

Каваи Ленард и Сан Антонио ги договориле условите според кои најдобриот дефанзивец во НБА лигата ќе остане во Тексас.

Играчот и клубот договориле петгодишна соработка вредна 90 милиони долари, а се очекува се да биде официјализирано во наредните денови.

„Сакам да остана во Сан Антонио. Постојат детали кои ќе мора да ги решам со франшизата. Сигурен сум дека се ќе мине во најдобар ред“, рекол Ленард.

Каваи Ленард во изминатите две години стана еден од главните играчи на Сан Антонио, минатата сезона имаше просечни 16,2 поени и 7,2 скока по натпревар. Минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец, а сезоната претходно, кога Спарси ја освоија титулата тој беше прогласен за МВП на финалната серија.

Откако го решија останувањето на Ленард, Спарси сега ќе работат на трансферот на центарот на Портланд, Ламаркус Олдриџ.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on