Легендарниот Рик Питино го презема Панатинаикос

Од:

Познатиот американски експерт, Рик Питино потврди дека ќе биде новиот тренер на грчкиот гигант Панатинаикос.

Панатинаикос неодамна го отпушти Чави Паскал по поразот од Реал Мадрид во Евролигата, каде по 14 круга има скор 6-8.

Питино е еден од најпрестижните американски експерти, долгогодишен тренер на Кентаки и Луисвил со кого ја освоил НЦАА лигата.

На крајот на 20-тиот и 21-от век, тој го предводеше Бостон Селтикс четири години, не се прослави во НБА лигата, но не го загрози неговиот статус во САД.

„Среќен Божик на сите, благодарам на Димитрис Јанакопулос за единствена можност да го тренирам Панатинаикос, клуб со огромна традиција“, порача Питино.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он