Еден од најдобрите лизгачи на мраз на сите времиња, Алексеј Јагудин и официјално стапи во брак со колешката Татјана Тотмјанин.
Легендарната руска лизгачка двојка веќе две години се заедно и имаат две ќерки.
35-годишниот Алексеј кој е една година постар од својата избраничка Татјана, својата врска ја озваничија без многу „помпа“ и во кругот на најблиските пријатели.
Рускиот пар во својата богата ризница на медали има вкупно четири злата од Олимписките игри. Татјана пред освојувањето на олимпиското злато, беше и два пати светска првенка, а дури пет пати шампион на Европа.
Јагудин кој исто така е олимписки шампион, дури четири пати беше светски шампион, а во три наврати го освојуваше златото на Европските првенства.
Сепак, останува незаборавен настапот на Алексеј на неговите „чекори“ на зимската олимпијада во Солт Лејк Сити кога го освои златниот медал.