Леброн Џејмс влезе во Топ 10 поентери на сите времиња

Од:

Ѕвездата на Кливленд Кавалирс и еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс од ноќеска може да се пофали со огромно достигнување во својата кариера.

На еден месец пред својот 32. роденден, „кралот” влезе меѓу најдобрите десет стрелци на сите времиња во НБА лигата откако го помина легендарниот Хаким Олајџувон.

Леброн постигна 25 поени во тесната победа против Филаделфија од 102-101 и сега со вкупно 26.970 поени е на десеттото место на листата.

Како што стојат работите, имајќи предвид дека сезоната почна минатата недела, до нејзиниот крај Леброн има реални шанси да се качи барем уште 2-3 места. Елвин Хејс кој е прв пред него има само 343 поени повеќе, Мозес Мелоун 439, а реално е да го достигне и Шекил о’Нил со 1.626.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on