Леброн Џејмс го исполни ветувањето

Од:

Популарниот „Крал’’ Леброн Џејмс успеа да го исполни ветувањетодадено пред две години при неговиот „кам-бек’’ во Кливленд и на овој тим да му ја донесе првата историска титула во НБА лигата,

Џејмс беше предвоникот на „Кавалирс’’ во неројатниот „кам-бек’’ во финалето против Голден Стејт во кое Кливленд до титулата стигна со 4-3 во победи иако екс-шампионот имаше водство од 3-1 и го делеше само еден триумф од одбрана на титулата.

– Се вратив со причина, се вратив да му ја донесам титулата на нашиот град. Ќе се случи најголемата забава која Кливленд некогаш ја видел. Дадов многу крв, пот и солзи во натпреварот. И луѓето се уште се сомневаат што можам да направам, изјави Џејмс.

„Кралот’’ Џејмс одигра блескава партија, а завршувајќи го со 27 поени и по 11 скока и асистенции, направи неверојатно остварување, односно за прв пат по 1978 година, решавачкиот седми натпревар еден играч го завршил со „трипл-дабл’’ што беше повеќе од доволно на крај Џејмс да го добие признанието МВП (најкорисен играч) во финалето.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on