Леброн Џејмс донесе победа за Кливленд

Од:

Со кошот на Леброн Џејмс пред звукот на сирената за крај екипата на Кливленд синоќа го совлада Чикаго на негов терен со 86:84 и изедначи на 2-2 во добиени натпревари. Кливленд го имаше последниот напад при 84:84 и на 1.5 секунди до крајот топката од аут беше уфрлена до Џејмс кој беше прецизен и на својата екипа и донесе победа.

Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 25 поени и 14 скокови, додека Дерик Роуз кај Чикаго реализира 31 поен.
На вториот натпревар одигран ноќеска ЛА Клиперс беше убедлив против Хјустон и славеше со 128:95. ЛА Клиперс има предност од 3-1 во победи.

Вечерва се играат натпреварите број 4 на дуелите: Вашингтон – Атланта (2-1 во победи) и Мемфис – Голден Стејт (2-1).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on