Ле Гре загрижен за ЕУРО 2016

Од:

Претседателот на француската фудбалска асоцијација (ФФФ) Ноел Ле Гре денеска рече дека е загрижен за безбедноста на фудбалерите и навивачите на Европското првенство во 2016 година, поради последните терористички напади Париз.

– Преземавме големи безбедносни мерки, но видовте дека терористите може да го нападнат во секое време. Веќе бевме загрижени за Европското првенство, а сега сме уште повеќе. Сепак сега не можам да размислувам за тоа, бидејќи моите мисли се со семејствата на жртвите, изјави Ле Гре.

Според последните податоци на француската полиција, во шест терористички напади изведени синоќа во Париз, загинаа 128 лица, а повредени се околу 180, од ​​кои 99 се во критична состојба.
Три силни експлозии се слушнале во близина на стадионот „Стад Д’Франс“ каде што се играше пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германиа.
Европското првенство ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули 2016 година во дест градови ширум Франција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он