Лазовски: Ништо не е загубено, утре е нов ден

Од:

По поразот на репрезентацијата на Македонија во првиот натпревар на предолимпискиот турнир против Ангола со 88:84, селекторот Марјан Лазовски на прес-конференцијата по мечот, ја честиташе победата на африканскиот состав и нагласи  дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.

„Анголците беа подобри од нас и ја заслужија победата. Водеа уште од првата четвртина, тактички одиграа подобро од нас и им честитам за победата. Утре е нов ден, ние ќе бидеме поконцентрирани, ќе се обидеме да исправиме некои грешки што ги направивме вечерва и верувам во победа. Ништо не е загубено, ние и натаму сме самоуверени“, изјави македонскиот селектор.

Македонските кошаркари вечерва го играат вториот меч во групата каде противник им е Нов Зеланд. Натпреварот во „Полиедро“ арената е закажан за 20 часот.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он