Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров вели дека тешката победа над Турција во последниот натпревар од евроквалификацискиот циклус му покажал многу работи што во иднина ќе влијае на тоа кого ќе повикува во националниот тим.

„Ние бевме фаворити на хартија, тоа сите го знаевме и свесни дека сме фаворити. Но, Турција не беше иста, имаше двајца до тројца играчи повеќе. Во изминатите два дена бев доста нервозен, не бевме фокусирани и коцентрирани, си мислевме дека се е завршено. Мора да сме спремни за борба со секој противник, од почеток до крај. Од минус четири, дојдовме до плус четири, ме радува пресвртот, увидов на некои работи дека во иднина треба добро да размислам кого ќе го повикам во националниот дрес. Јас пробувам да им дадам шанса на сите, меѓутоа во иднина ќе внимавам, ми се отворија очите, затоа што работи кои се повторуваат, треба да се решаваат. Честитки за момците, се изборија за победата машки. Не е исто да се заврши со пораз и со победа. Она кое го направивме ќе ни служи многу, но и доста работи ќе мора да менуваме. Не е дека не сум задоволен, туку имам само визија плус“, изјави Лазаров.

Македонија со пласманот на ЕП 2024 го продолжи континуитетот со настап на големите натпреварувања и уште еден јануари земјата ќе пулсира во ритамот на ракометот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП