Лазаров најдобар стрелец по осминафиналната фаза на СП

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров останува најефикасен играч и по осминафиналните пресметки на Мундијалот во Франција.

Лазаров има вкупно 50 голови и е предводник на листата на стрелците исто како што беше и по групната фаза.

Најблиску до Лазаров се Амин Банур од Тунис со 44 погодоци, и Серџо Лопес од Ангола со 42.

Од репрезентациите кои што минаа во четвртфиналето најмногу погодоци има Швеѓанецот Никлас Екберг – 39 погодоци, Велро Ривера постигна 34, Јери Толбринг исто така 34, Кристијан Бјорнсен од Норвешка досега запишал 32 реализации.

Утре во четвртфиналето ќе играат:

Норвешка – Унгарија (17 часот),
Франција – Шведска (19 ч.),
Словенија – Катар (20:45 ч.) и
Шпанија – Хрватска (20:45 ч.).

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски