Лазаров: Горд сум на тимот, пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за целиот македонски ракомет

Од:

Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров го пофали тимот по пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

На двомечот со норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд, Алкалоид иако ослабен поради неколку повредени играчи, демонстрираше истрајност, борбеност, трпеливост и сосема заслужено се избори за историски успех.

– Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех. Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво. Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна, изјави Лазаров.

Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ќе игра со грчкиот претставник АЕК Атина.

Првата средба ќе се игра на 17/18 мај, реваншот е на 24/25 мај.

Кој ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен ќе биде одредено со ждрепка.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Пред ЕП 2026 ќе прифатев ваков исход, но заслуживме да сме во Топ 12

А1он

Данска е минато, ракометарите денеска одмораат, па утре со сите сили на Португалија

А1он

ЕХФ пресуди: РК Алкалоид е победник на Европскиот куп за мажи

Горан Наумовски

Мукаетов: Очекувам ЕХФ да донесе одлука според важечките правилата

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он

Официјално, натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра

А1он