Лазаров е најдобар стрелец на Светското првенство во Франија

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најдобар стрелец на Светското првенство во Франција.

Лазаров на шест натпревари постигна 50 голови, додека како втор со 47 голови заврши Серхио Лопес од Ангола, а третото место со по 45 голови го поделија Амине Банур од Тунис и Кристијан Бјорнсен од Норвешка.

За Лазаров ова e третпат да биде прогласен за најдобар стрелец на шампионат, откако тоа му успеа на СП 2009 година во Хрватска кога постигна 92 гола (рекорд на шампионатите) и на ЕП 2012 година кога постигна 61 гол.

Во идеалниот тим на првенството се наоѓаат:

Голман: Винсен Жерар (Франција)

Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)

Десен бек: Недим Ремили (Франција)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)

Кружен напаѓач: Бјарте Мирхол (Норвешка).

Признанието МВП (најкорисен на шампионатот) му припадна на Никола Карабатиќ од Франција.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски