Лазаров: Атлетико има сили за „Фајнл фор“

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и играч на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров во интервјуто за ЕХФ пред утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Кил, искажа очекување неговиот тим, како и денешниот противник да се пласираат на завршниот „фајнл фор“ турнир.

– Тоа е навистина тежок предизвик за двете екипи, но верувам дека двете екипи ќе се справат со предизвикот и ќе бидат повторно во големата четворка. Што се однесува до групата, на почетокот би рекол дека Кил и Атлетико Мадрид се во можност да завршат на врвот на табелата на крајот, но сега Веспрем е мојот фаворит број еден да ја заврши оваа група на врвот, истакна Лазаров.

Македонскиот интернационалец се осврна и на утрешниот натпревар кој е дерби на колото во Лигата на шампионите.

– Го победивме Кил во Катар кога станавме светски клубски првак. Ракометарите на Кил беа многу помотивирани и многу подобро тактички подготвени кога играа во Мадрид. Сега се надевам дека ние сме во состојба да вратиме со поголема мотивација и подобра подготовка да го изненадиме Кил. Но, ние повторно имаме целосен респект за нив, изјави Лазаров.

Ова ќе биде четврти дуел на Атлтико Мадрид и Кил во само шест месеци, а шпанскиот претставник го загуби првиот натпревар против Кил дома во групата.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он