Лав и Џејмс го предводеа Кливленд во победата над Атланта

Од:

Во реприза на ланското финале на Источната конференција тимот на Кливленд ја победи Атланта со 109-97.

И овој пат предводници кај „Кавси’’ беа Кеви Леброн и Леброн Џејмс, двајцата со „дабл-дабл’’ учинок. Лав средбата ја заврши со 25 поени и 11 скокови, а Џејмс имаше 19 поени и 11 скокови. Блиску до двоен учинок беше и Тртистан Томсон кому му недостасуваше еден поени, а зад неговата статистика беа впишани 9 поени и дури 16 скокови.

Кај гостите од Атланта, дури петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Пол МИлсам и Кајл КОрвер постигнаа по 14, еден помалку имаа Тибо Сефолоша и Џеф Тиг, а Ал Хорфорд постигна 10.

На останатите натпревари одиграни ножеска, постигнати се овие резултати:
Орландо – Сакраменто 91-97

Индијана – Милвоки 123-86
Детроит – Вашингтон 95-97
Хјустон – Њујорк 102-107
Мајами – Филаделфија 96-91
Сан Антонио – Мемфис 92-82

Вечерва од 21 часот и 30 минути (по македонско време) ќе се игра натпреварот меѓу ЛА Клиперс и Торонто.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on