„Ламборџини Сентенарио“ – импресивност и при мали брзини

Од:

Новиот „Ламборџини Сентенарио“ е снимен додека излегува од фабриката во Санта Агата Болоњезе и според фотографиите возилото изгледа импресивно. 

„Ламборџини“ планира да произведе 20 купеа и 20 роадстери, а сите автомобили однапред се распродадени.

„Сентенарио“ го покренува силен 6,5 литарски В12 мотор кој развива 770 коњски сили. Иако се движел бавно, супер автомобилот навистина изгледа и звучи импресивно.

Со оглед на малиот број на автомобили кои ќе бидат произведени, овие снимки се меѓу ретките можности моделот да го видат поголем број луѓе.

„„Ламборџини Сентенарио“ чини 2,5 милиони долари.

Автомобилот се најде и во трејлерот за играта „Forza Horizon 3“, која ќе се појави во продажба на 27 септември. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ламборџини од 200.000 фунти удри во поштенско комбе во Лондон

Катерина Ѓуровски

Ламборгини почна да произведува маски и медицински визири

А1он

ВИДЕО: Се запали Ламборгини во центарот на Бостон, случајните минувачи веднаш се фатија за мобилните

Наум Локоски